Заев: Растот на БДП од 13,1% во вториот кварател е потврда за стабилната економија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев, објави статус на социјалните мрежи, во кој истакнува дека во вториот квартал земјата има раст на БДП од 13,1%. Како што пишува ЗАев, тоа е потврда дека економијата е стабилна.

„Растот на БДП од 13,1% во вториот квартал од 2021 година, е потврда дека економијата е стабилна. Ова значи дека првото полугодие од оваа година постигнавме раст на бруто домашниот продукт од 5,6%. Владиниот економски тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови за идниот среднорочен развој на државата.

Со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, ги опфативме сите инвестиции кои се планира да отпочнат во земјава. Како комплементарен е и Планот за заздравување и финансирање на забрзан раст.

Неговата основна цел е да го финансира закрепнувањето на економија од КОВИД-19, како и да поддржи забрзан одржлив раст, при едновремено одржување на фискална стабилност преку мобилизирање на капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата.“, напиша Заев.