Заев: Темата за оставките стана банална – германскиот извештај се очекува да биде готов за 15 дена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поминаа 12 дена од трагедијата во Тетово, во која животот го загубија 14 граѓани. А кога новинарите го прашаа премиерот за оставките на  министрите и двајцата директори на Клиничката болница во Тетово, тој вели дека ова прашање веќе станало банално. Заев не ги прифати моралните оставки, бидејќи ги чека резултатите од истрагата.

Како што е информиран од МВР, Заев вели дека извештајот од германските експерти ќе биде готов  за 10 до 15 дена, а извештајот од нашите органи очекува да биде готов во најкраток можен период.

Документацијата за модуларната болница во Тетово, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја добило и од Министерството за труд и социјална политика. Министерката Јагода Шахпаска изјави дека до сега не е повикана во обвинителството за да даде исказ.

Минатиот петок, граѓаните на Тетово протестираа пред Општина Тетово и седиштето на ДУИ барајќи одговорност и оставка од власта поради трагедијата во Тетово.