Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, по победата на македонската репрезентација, посочи дека вечерва цела Европа видела дека македонскиот фудбал е европски и светски.
„Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски!Честитки за нашите борци кои ни носат нови победи и нови подвизи. Имаме победа над селекцијата на Германија на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Во овие тешки времиња, моментите на радост и гордост што македонските репрезентативци ни ги носат се потребни и добредојдени во секој дом“, порача Заев.
