На прашање од ТВ21 за тоа дали опозицијата била консултирана за четвртиот сет на мерки и дали ќе го поддржи, премиерот Заев рече дека имал прилика да разговара во Парламентот и да слуша што апелираат.
„Сето што тие апелираа мислам дека е вградено во мерките, ако не 100-процентно, тогаш едно 80 до 90 отсто е вградено. Заради тоа меѓудругото и е вака широка лепезата на мерки – вкупно 31. Оставив простор и во следниот период да разговараме. Паѓаат паметни предлози од сите без разлика дали се политички субјекти, коморите, работниците преку синдикатите, работодавачите, експертите, универзитетските професори и верувма дека слушајќи го гласот на сите општествени чинители ќе ја погодиме максимално работата за да поддржиме и помогнеме таму каде што најмногу треба“, потенцира Заев.
