Премиерот Зоран Заев денеска повторно коментираше за приведениот дипломат од страна на српските власти, и дека деталите се непознати, но дека приведениот бил активен од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Никој не треба да биде прогласен за виновен додека не се докаже, но ако некој го прекршил законот, треба да одговара“, рече Заев.
„Штом има прифатено меѓународна потерница тоа значи дека една држава веќе издала, а тоа е Ерменија. И тоа е докажано само во таа држава. Прво да го видиме предметот и доказите. Се работи за земја Ерменија која не ни е позната, не е од соседството, не ги знаеме деталите. Штом ќе бидат познати деталите, ќе бидат изнесени во јавноста“, рече Заев.
