Заев за ТВ21: Сега може да се направи вештачење и да се продаде мерцедесот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мерцедесот за кој Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски завршија во затвор, а екс-премиерот Никола Груевски се спаси со бегство, сега може да се вештачи и потоа продаде, вели за ТВ21, премиерот Зоран Заев.

„После пресудата на Врховен суд предметот е завршен и сега може да се направи вештачење колку пари би можел да се продаде и да се направи одлука согласно тоа, што да се прави со него“, вели премиерот Зоран Заев за ТВ21.

Владата веќе имаше донесено одлука за негова продажба, но бидејќи тогаш беше во тек и судскиот предмет „Тенк“, истата беше повлечена бидејќи истиот беше материјален доказ.

ТВ21 денеска пишуваше за ветувањето за продажба, читај повеќе ТУКА.