Загадувањето на воздухот во Тетово и натаму е над дозволеното. Од податоците на веб страните кои го мерат квалитетот на воздухот во Тетово, ПМ10 честичките се два ипол пати над дозволеното.
Лекарот Ратко Давидовски вели дека во овој временски период треба да се избегнува движењето низ градовите, особено кога има густ сообраќај, туку движењето да биде во периферните делови или планинските подрачја. Тој исто така препорачува носење маска и поставување филтри за воздухот во домовите.
Тој вели дека најзагрозени се децата, возрасните и тие со хронични болести. Според него, освен институциите, и градовите имаат клучна улога во подобрувањето на квалитетот на воздухот. Тој вели единствено решение во борбата со загадениот воздух е гасификацијата.
Загадениот воздух предизвикува проблеми на респираторниот систем, вели лекарот, а додава дека маските штитат и од вирозите кои владеат во моментов.
