Скопје и вечерва е меѓу градовите со највисоко ниво на загаденост, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk. Според најновите измерени вредности, концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот во центарот на Скопје изнесува 149 μg/m3, а највисока вредност меѓу сите мерни станици во земјава е во Тетово 230 μg/m3.
Во други делови на државата, загаденоста исто така останува висока: во Тетово е регистрирано загадување од 230 μg/m3, во Куманово 169 μg/m3, во скопската населба Центар 149 μg/m3, во Гостивар 144 μg/m3, во Каварадци 122 μg/m3, а во Кичево 114 μg/m3.
Овие вредности ги надминуваат дозволените граници, особено во центарот на Скопје, каде што концентрациите се екстремно високи.