Нов силен земјотрес ја погоди Хрватска. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,3 степени бил во близина на Петриња, но тој бил силно почувствуван во Загреб, како и во цела Хрватска и низ целиот регион.

Хрватската војска се придвижи кон Петриња. Најмалку 300 војници се на пат.

Првите сцени од Петриња се драматични и застрашувачки, има многу урнатини, а едно дете починало. Една од градбите наводно паднала врз детето.

Во меѓувреме, Х1 известува дека едно дете било спасено од автомобилот на кој се урнала куќата.
– Успеавме да извлечеме едно дете, тој беше во автомобилот, сè се сруши, сопственикот е внатре, но тој не одговара – пренесува Х1.
– Тешко е, слушнав дека градинката се сруши, немаше деца во градинката, не знаеме дали имаме мртви … – вели друг.
