Загреб утрово полн со полиција поради доаѓањето на Пелоси и странски државници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДЕНЕС и утре во Загреб се одржува Првиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, поради што во Загреб и Велика Горица се очекува доаѓање и престој на голем број претседатели на парламенти и парламентарни собранија и меѓународни организации.

Меѓу нив ќе биде и претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси. Во Загреб пристигна и претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, кој во саботата се сретна со Гордан Јандроковиќ. Вечерва пред самитот, во 20 часот, Собранието организира вечера за делегациите во Вестин. Пред тоа Јандроковиќ ќе одржи серија билатерални средби во парламентот, меѓу кои и со Пелоси во 15 часот.

Полицијата соопшти дека поради спроведување на посебни безбедносни мерки ќе се воспостави привремена сообраќајна регулација, а во оваа прилика може да има повремен краткотраен прекин на сообраќајот со присуство на полициски службеници.

ФОТО: Index.hr