Вака изгледаат патиштата во селото Зајаз Укај и Тунел. Уништени, со дупки и неасфалтирани од 1990 година.
Поради уништените улици, кога врне каналот се полни со песок и водата излегува на површина.
„Инфраструктурата, како што гледате, состојбата е катастрофална, моментално инфраструктурата е нула“, вели Аргетим Ќамили.
Патот е целосно уништен бидејќи над селото се наоѓа каменолом и во текот на денот поминуваат многу камиони со голема тежина. Поради тоа патот е речиси непреодолив.
„Овде поминуваат секакви камиони и тие камиони, освен што носат отпад, го уништуваат патот. Таму горе има каменолом, ние не сме против, но тие камиони со голема тежина го уништуваат патот и истите камиони или други камиони носат и отпад и се враќаат на тој нивен бизнис кој го водат“, вели Агим Ријани.
Земајќи ги како пример другите села каде има каменолом и Законот за нивното функционирање, компанијата која поминува по селото треба да ги одржува улиците, да ги асфалтира, дури треба 3 пати на ден да се мијат улиците со вода со цел жителите да не бидат оштетени и да не се создава прашина.
Друг проблем со кој се соочуваат жителите на овој регион е отпадот. Дел отпадот го покриваат со земја а други фрлаат покрај патот.
„Овде сме како депонија со отпад, поради отпадот сме во катастрофална состојба, над селото е полно со ѓубре“, порача Аргетим Ќамили.
„Ако одите над селото ќе видите дива депонија, имаме многу проблеми таму бидејќи кога врне сите фекални води доаѓаат тука долу“, вели Агрим Ријани.
Жителите велат дека реагирале во општината, но не добиле одговор, а последен пат им е кажано дека патот е дел од овогодишната програмата за изградба. Од општината за ТВ21 велат дека патот наскоро ќе се асфалтираа. Ова село има над 120 куќи, главно повеќето се на печалба, има многу малку млади бидејќи над 70% од жителите се во странство. Оние кои останале, како што велат, мештаните, не се вработени.
