Законот за државјанство пристигна во Собрание – партијата на Апасиев не стивнува, најавуваат кривична пријава

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Владата извести дека Законот за државјанство со европско знаменце е доставен до Собрание. Ова го потврди и пратеничката од редовите на Алијанса за Албанците, Илире Даути. Според неа, законот што поскоро треба да се најде на дневен ред на некоја од наредните собраниски седници. Целта на коалицијата АА-ААА е законот да се усвои пред Собранието да замине да одмор.

„Имајќи предвид дека ние го завршивме техничкиот дел, го испративме во Влада и истиот е доставен во Собрание, сега законот е во Собрание. Задача и одговорност на собранискиот спикер е што поскоро да го стави како точка на дневен ред на една од наредните собраниски седници. Нашата главна цел е законот да биде усвоен пред Собранието да замине на одмор“, истакна Илире Даути.

Од друга страна, Левица најави кривична пријава за сите потпишувачи на законот. Велат дека од денеска со амандмани ќе ја блокираат работата на Собранието и сите закони кои ќе пристигнат од мнозинството и Владата.

Левица ја повика и најголемата македонска опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ да ѝ се приклучи на иницијативата, бидејќи како што рече пратеникот Крмов, ова не ѝ е допаѓа ниту на ВМРО-ДПМНЕ.