Законот за државјанство сè уште блокиран во Комисијата – Даути: Законот треба да го доставиме со европско знаменце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанската опозиција и Владата многу брзо треба да излезат со одлука за судбината на законот за државјанство. Пратеничката на АА, Илире Даути смета дека македонската опозиција одлучила да го блокира законот за државјанство во Комисијата за одбрана и безбедност, тогаш Владата, АА и Алтернатива треба да го повлечат законот и повторно да го достават во Собрание, со европско знаменце, со цел да се избегне блокада од македонската опозиција.

„Овој закон секако ќе помине поради потребите на граѓаните, неопходен е и време е да се реши. Доста чекаа тие граѓани. Како што изгледа има многу политички актери кои сметаат дека од носењето на законот за државјанство пред локалните избори може да придобие албанската опозиција. Секако ќе има план Б и јас мислам дека стигнавме до таа фаза. Ќе треба да донесеме одлука и да се премине на другиот план бидејќи законот секако треба да помине“, посочи Илире Даути.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вели дека се одлучни да го блокираат носењето на овој закон. Апасиев повтори дека не може да се достави со европско знаменце бидејќи тоа е кривично дело.

Минатата недела иако беше свикана матичната комисија за да се дебатира за амандманите за законот, истиот не ни почна бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ почнаа со процедурални говори, а претседателот на матичната комисија ја откажа седницата поради недостиг на услови за работа.