Заладување и дожд во четврток, на планините можен и снег – стабилизација на времето од петок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо. И во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег.

Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Во петок и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време.