Заменик гувернерот на Кабул загина во експлозија на бомба која прикачена на неговиот автомобил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Махбубулах Мохеби, односно заменик гувернерот на Кабул денеска загина во експлозија на бомба која била прикачена на неговиот автомобил.

Повредени се и двајца негови телохранители, јави ДПА повикувајќи се на портпарол на Министерството за внатрешни работи. Во експлозијата загинал и секретарот на Мохеби.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Минатата недела авганистански обвинител беше застрелан во источен Кабул.