Западнонилската треска стивнува – само еден хоспитализиран случај во изминатите 10 дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Само еден суспектен случај на Западнонилска треска во изминатите десетина дена е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Ова, според директорот на клиниката укажува дека состојбата со западнонилската треска стивнува.

Тој очекува со падот на температурите, односно од крајот на месец септември, епидемијата целосно да исчезне.

Цана воедно изјави дека од вонредното прскање и третирање на комарци во општините каде што била прогласена епидемија, имало конкретни резултати и влијаело на смирувањето на состојбата со нови случаи.

-Моментално на Клиниката имаме само седум пациенти хоспитализирани. Во текот на последната недела, да речам и 10 дена, имаме само еден суспектен хоспитализиран пациент, а другите се истите шест потврдени пациенти, од кои два се тешко болни и се уште се на респираторна поддршка и се наоѓаат на одделот за интензивна нега. Останатите се стабилни и се во Одделот за невроинфекции, изјави Фадиљ Цана, директор на Клиниката за инфективни болети.