Запленети 27 тони марихуана во полициска акција во Скопје и во Струмица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во синоќешната полициска операција во Скопје и во Струмица биле запленети 27 тони марихуана. Ова е најголемата конфискација на дрога во Македонија досега.

Денеска се очекува да излезат со детали Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Синоќа десетици полициски камиони и комбиња биле забележани како излегуваат од просториите на поранешната фабрика Охис во главниот град.

Операцијата на Министерството за внатрешни работи е поврзана со претходната заплена на 5 тони марихуана во Србија, која била прошверцувана од Македонија.