Повеќе од пет тони кокаин кои биле запленети во водите на Аруба, поради кои се уапсени капетани од Црна Гора, а се поврзува со апсењето во Крушопек во текот на минатата недела, каде што беа уапсени еден Црногорец и тројца македонски државјани.
Петте тона кокаин се пронајдени кога преслретнале теретен брод под знамето на Камерун, и во него се најдени повеќе од 5000 килограми.
Холандски портал открива дека оваа заплена е поврзана со апсењето во нашата земја спроведено на 20. февруари кога беа приведени четирите особи. Во Крушопек беше најден само еден килограм кокаин, спакуван во пратка со банани.
