Агенцијата за храна и ветеринарство ги покани медиумите на уништувањето на запленетиот путер со поминат рок денеска во депонијата „Дрисла“ во 13 часот.
Планирана е и изјава на директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.
„Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, понеделник, 15.03.2021 година, во 13,00 часот на депонијата Дрисла, ќе присуствува на уништувањето на запленетиот небезбеден путер. Изјава за медиумите во 13,00 часот.“, се вели во поканата од АХВ.
Путерот со поминат рок беше запленет во саботата, а ова запленување го истакна вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
ТВ21 во живо ќе го пренесува уништувањето на путерот.
