Започна првата фаза од реконструкцијата на Универзална сала – кога ќе биде готова?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 разговаравме околу започнувањето на реконструкцијата на Универзалната сала.

Шилегов вели дека се работи за две фази, а во моментов е започната првата фаза каде се поставува целосно нова конструкција со целосна промена на надворешниот изглед.

„Втората фаза се очекуваме да заврши до средината на септември, така што ќе имаме целосно уреден простор, дефакто нов објект. Работиме на утврдување на реалните потреби за внатрешната реконструкција чиј објект може да биде употреблив, но јас ќе инсистирам дека треба да се обнови и внатрешноста“, посочи Шилегов.

Тој додава дека според тоа како се прави сега, во следните 50 години Универзалната сала ќе биде објект кој целосно ќе може да ги задоволи потребите на граѓаните.

Според него, во средината на месец септември ќе биде завршен надворешниот дел, а околу шест месеци подоцна и внатрешниот дел.