Започна учебната година – наставата и на отворено

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Под посебни протоколи денеска започна учебната 2020/2021 година.

Овој пат наставата ќе се одржува и на отворено, а еден од примерите е и основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Карпош.

Инаку, поради состојбата со пандемијата од коронавирус училишната година првпат е одложена за еден месец и денеска започнуваат со настава 270.000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња.

Еден дел ќе бидат во училниците и настава ќе следат според здравствени протоколи, а поголемиот дел ќе учат онлајн од дома преку националната платформа за учење од далечина.