Започна вакцинирањето против сезонскиот грип, висок интерес од граѓаните, термини повеќе нема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Почнува бесплатното вакцинирање против сезонскиот грип во 6 поликлиники во Скопје. Вакцини добија и Велес, Неготино и Кавадарци, а од утре ќе бидат дистрибуирани и во другите градови на територија на целата држава. Интересот на граѓаните беше голем, а термините се веќе пополнети, вели лекарка од Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Објаснува дека најголем интерес пројавиле пензионерите и хронично болните и додава дека не може секој да се вакцинира.

Вакцинирањето ќе се врши секој работен ден од 14 до 19 часот, со цел пациентите да не се мешаат, вели директорот на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски.

Ова е трета година по ред како се обезбедуваат бесплатни вакцини против сезонски грип за ризичните групи, односно за граѓаните над 65 години, бремените жени, здравствените работници и децата на возраст до пет години. Министерството за здравство минатата недела извести дека се набавени вкупно 40 илјади дози од вакцината.