Започнува масовно производство на познатите ракавици на Берни Сандерс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наставничката од Вермонт, чии рачно изработени ракавици станаа познати откако сенаторот Берни Сандерс ги носеше на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден, пронајде производител кој ќе произведува илјадници нејзини ракавици.

„Имам неверојатни вести! Се здружувам со „Vermont Teddy Bear“ за да им направам ракавици како на Берни за СИТЕ!!“, напиша Jенифер Елис и додаде дека дел од приходите ќе бидат наменети за добротворната организација „Направи една желба Вермонт“.

„Знаев дека мора да има начин за да ги овозможам – и го најдов тоа!!“, напиша наставникот.

Наставничката му испратила на Сандерс пар свои ракавици изработени од стари волнени џемпери обложени со руно од рециклирани пластични шишиња, како утешен подарок откако изгуби на претседателските избори во 2016 година од Хилари Клинтон.

Минатата година кога Сандерс повторно се кандидираше, Елис дознала дека ги носел ракавиците и дека „луѓето ги нарекувале неговите ракавици за рерна“, но тој ги позајмил на некого.

Елис вели дека била толку трогната што му испратила на Сандерс уште 10 парови.

Рачно изработени, рециклирани ракавици во кафеава и беж боја станаа хит по објавувањето на фотографијата на Сандерс од инаугурацијата на 20 јануари. Тој седеше сам во преклопен стол и се чинеше дека не е импресиониран од атмосферата.

Фотографијата на фотографот на АФП, Брендан Смиаловски стана првото вирално меме од ерата на Бајден, па Сандерс се појавува на сè, од сцените во „Војна на ѕвездите“ до „Последната вечера“ од Леонардо да Винчи.

„Многу, многу побараа да купат пар од овие одлични нараквици. За жал, јас не ги правам повеќе. Но, сакам да се осигурам дека ќе ги добиете“, рече Елис во видеото од „Vermont Teddy Bear“ објавено на нивната веб-страница.

„Секој што ги сака овие ракавници ќе ги добие“, воодушевено рече наставничката.

Елис за АФП изјави дека три дена по инаугурацијата, добила околу 13.000 електронски пораки од луѓе кои сакаат да купат ракавици.

„Не само еден пар – луѓето сакаат многу од нив“, додаде таа.