Запознајте го H2ERA – oва е авионот на иднината (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Британската компанија Electric Aviation Group (EAG) е решена да донесе револуција во сегментот на воздушниот транспорт и го претставува концептот H2ERA.

Станува збор за патнички авион на водород и струја (90 седишта), кој не испушта штетни гасови, додека неговата автономија му овозможува да стигне до 3.000 аеродроми ширум светот.

Како и другите електрични/хибридни возила, H2ERA е речиси нечуен, произведувајќи 65% помалку бучава од класичните турбо-авиони со исти димензии.

ЕАГ го спроведува проектот со експерти од Универзитетот во Нотингем, па следен чекор е да се формира H2EPS Ltd, со цел да се комерцијализира проектот.
Фокусот е на погонскиот систем од 2 MW, а компанијата има намера да понуди решение надвор од сегментот на воздушниот транспорт, пренесува Autoevolution.

Планот е поддржан од неколку инвеститори, како што е CityJet, што овозможува понатамошен развој. Во следната статија, авторите на проектот ќе ве водат низ деталите за авионите на иднината.