Луксузниот бренд „Фенди“, промовираше заштитна маска со своето лого кое ја продава по цена од 190 евра. Луксузната маска може да се најде на италијанската страница Luisaviaroma, но таму стои дека е веќе распродадена и дека нема повеќе да се купи.
Црно-кафената маска е направена од свила, а дел е од колекцијата пролет/лето 2020 година.
Ова покажува дека покрај коронавирусот, италијанците и натаму пазат на модата и купуваат луксузни заштитни маски.
