Затворен кафе барот Интермецо – забрана за вршење дејност во рок од 30 дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 30 дена е затворен кафе барот Интермецо, јавува репортерот на ТВ21.

Имено, согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар донела решение според кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена.

Констатирано е дека локалот и правен субјект Интермецо ги надминал пропишаните гранични вредности на имисионово право на бучава, по пријави и поплаки од страна на жителите во оваа општина.

На наведеното правно лице веќе му е изречена глоба во износ од 6.000 евра, а поради повторно непочитување законски одредби, изречена е и забрана за вршење угостителска дејност.

Од општината апелираат до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи.

Тие додаваат дека ќе продолжат со редовни и засилени контролии согласно нивните надлежности, ќе преземат поригорозни мерки за санкционирање на сите правни лица – угостителски објекти кои нема да ги почитуваат законските прописи.