Модулатната болница пред Инфективната клиника е затворена. Од клиниката за МИА објаснуваат дека објектот е затворен превентивно, бидејќи забележале капки вода, кои во ниту еден момент не биле во допир со електричната инсталација.
Од таму потенцираат дека нема прокиснати, ниту поплавени простории, а неколкуте пациенти кои се лекувале таму, се префрлени во зградата на Инфективна и во други ковид оддленија, бидејќи како што велат, модуларната болница во моментот се дезинфицира.
Инаку, на Инфективната клиника хоспитализирани се 87 пациенти, а има вкупен капацитет од 100 болнички кревети.
Модуларната пак, како помошно инфективно одделение раполага со 70 болнички легла. Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница, потенцира раководството на клиниката.
