Затворските чувари во Белгија започнаа петдневен штрајк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Затворските чувари во Белгија започнаа петдневен штрајк поради преголемиот број затвореници, недостигот на персонал, како и проблемите со инфраструктурата и безбедноста.

Штрајкот започна во неделата во 22 часот по локално време и ќе трае до петок навечер, соопштија синдикатите, а пренесоа медиумите.

Тие бараат решенија за проблемите кои траат подолг период, меѓу кои се пренатрупаноста на затворите и големиот број затвореници кои се принудени да спијат на подот.