Истрагата за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ се уште е под знак прашалник, со оглед на тоа што телото на детето не е пронајдено.
По 6 месеци откако трае оваа агонија, Вишото јавно обвинителство во Зајечар нареди нови вештачења во рамки на истрагата, кои конечно се завршени, затоа истрагата за мистериозниот случај се уште трае, но се поблиску до својот крај, пишува Курир.
„Истрагата против осомничените Д.Д и С.Ј не е завршена. Сите доставени вештачења од камерите се анализираат и бараат време поради нивната сложеност, како и споредба со други изведени докази за да се утврди меѓусебната поврзаност на доказите“, изјавија за Курир од Вишото јавно обвинителство Заечар.
