Заврши одморот во Мексико и политичката кариера – приведен Рашковски, обвинителството бара притвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Софтвер за кој немало потреба, набавен пред избори, луксузен џип кој го нема во неговиот анкетен лист, изградба на хациенда на 800 метри квадратни.

„Во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.“, велат од Јавното обвинителство.

Рашковски ја договорил набавката на софтверот доставувајќи го како сопствен патент за кој дал и насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка.

„Со цел фаворизирање првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот. На 02.01.2020 година, првоосомничениот донел Одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор каде сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен Договор за набавка на услуги.“, се вели во соопштението.

Истата година во јули била доставена и фактура во вредност од над 80.000 евра, иако софтверот не бил имплементиран.

Рашковски е поранешен генерален секретар, а сега веќе и поранешен секретар за мониторинг и поддршка. Неколку пати во својот мандат ја обвинуваше опозицијата. Досега неколку пати се извинуваше во јавноста, а против него се водат уште неколку истраги во Обивнителство и отвотени предмети во Антикорупциска.

„Се извинувам до небо“