Заврши протестот што се одржа над населбата Баир во Битола – сообраќајот сѐ уште се пренасочува!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 18:20 часот заврши протестот што се одржа над населбата Баир во Битола.

Сообраќајот на оваа делница се уште се пренасочува додека екипи од ЈП „Македонија Пат“ ги расчистуваат поставените препреки.

Надлежните апелираат до возачите за внимателно и трпеливо возење и да ги следат алтернативните маршрути додека трае расчистувањето на патот.