Завршува учебната година со недостиг на учебници – Шаќири ветува дека ова нема да се повтори следната година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тетовските училишта ја завршуваат учебната година со недостиг на над 23 илјади учебници. Според добиените податоци од општината се очекува и следната година да има недостиг на истите учебници.

„Врз основа на податоците што ги добив од училиштата со пополнување на формуларите, верувам дека ќе продолжи истото темпо. Верувам дека ќе има недостиг од 23 илјади учебници според моите пресметки а не 15 илјади како што тие тврдат. Ние како Општина ќе ја продолжиме битката со Министерството за образование и наука. Повторно ќе одржуваме состаноци и ќе иницираме петиции за да не се повтори истото.“, вели Валедин Адеми.

Но Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири вели дека во Тетово се испорачани над 80% од учебниците и дека за следната учебна година е избран операторот и учебниците ќе стигнат од 1 до 10 септември.

„Претходната година со барањето што го добивме од општина Тетово, а можам слободно да кажам дека има фактички податоци дека 80% од учебниците се испорачани, 20% од книгите што не беа доставени се поради буџетски средства и предмети за кои нема одобрени учебници. Сите учебници по изборот на операторот ќе пристигнат на 1 септември“, порача Јетон Шаќири..

Училиштата во Македонија минатата година ја започнаа учебната година со недостиг на учебници поради доцнењето на тендерските постапки за нивно објавување. Само во Тетово недостасуваа над 23.000 учебници на три јазици: албански, македонски и турски јазик.