Здрав и вкусен леб со ореви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ваков леб не сте пробале – има вкус на колач, а куќата мириса на детство. Тајната е во состојката која сите ја сакаат.

Еве рецепт за здрав леб кој се прави од интегрално ‘ржано брашно, а посебна состојка се оревите.

Нема ништо поубаво од куќа која мириса на свежо печен леб. Храната го зближува семејството, го зајакнува духот на заедницата и е дел од најубавите спомени.

Доколку вие и вашето семејство обожавате домашен леб, ви предлагаме да пробате поздрава верзија на оваа храна. Се прави од ‘ржано брашно со додаток на ореви, што му дава вкус на колачи. Иако е поздрав од лебот направен со чисто бело брашно, бидете умерени со јадењето бидејќи тоа е тајната на добрите линии и здравјето.

Еве го рецептот за здрав леб:

  • 250 гр ‘ржано брашно
  • 500 гр бело брашно
  • 30 гр квасец
  • лажичка шеќер
  • една лажичка сол
  • половина литар млака вода
  • лажица оцет
  • 3 лажици масло (може да биде маслиново масло, масло од семки од грозје, масло од сусам…)
  • 150 гр ореви

Подготовка:

Во неколку лажици вода ставете шеќер, а потоа издробете го квасецот и оставете го на топло место да нарасне. Измешајте ги двата вида брашно, посолете, маслото и оцетот, па малку по малку додајте вода, истовремено мешајќи го тестото. Префрлете го на работна површина посипана со брашно и месете со рака, постепено додавајќи брашно. Се прави кога ќе престане да се држи до вашите раце. Формирајте топка, посипете малку брашно да не се залепи за садот, покријте го со крпа и оставете го на топло место да нарасне.

Нараснатото тесто поделете го на половина. Секоја половина расукајте ја со прстите или со сукало, а потоа посипете ги со сечканите ореви. Свиткајте го тестото како хартија. Потоа, со раце обликувајте го лебот, попрскајте го со вода.

Се става во намрсен плех или на хартија за печење и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.