Здравствен дом „Неготино“ ќе ги снабдува пациентите со инсулинска терапија во нивните домови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЈЗУ Здравствен дом во Неготино денеска соопшти дека Неготино и Демир Капија и овој месец ќе ги снабдува пациентите со инсулинска терапија до нивните домови од страна на патронажната служба.

Целта на оваа активност е да се намалат директните контакти на оваа ризична група на пациенти.

-Заради тоа снабдувањето на пациентите со инсулин најпрво ќе започне од селските населби кои користат јавен превоз, а потоа ќе продолжиме и во градските населби со приоритет на повозрасната група граѓани. Истовремено известуваме дека одделот за подигање на инсулинска терапија ќе работи како и досега со полно работно време и со редовни прегледи од интернист-дијабетолог, соопштија од Здравствениот дом.