Во рекордно време ги заврши студиите по математика со просек 9,58. Поради постигнатиот резултат, Зехра Ебиби беше избрана за најдобра студентка на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
„Математиката колку што е дарба, толку бара и работа. Тоа е дарба што ти ја дал Бог, но ако не ја негуваш и не работиш на неа, веројатно во тебе ќе згасне за кратко време“, вели Зехра Ебиби.
Зехра вели дека нејзиниот успех дошол сосема случајно, но со многу труд и пожртвуваност.
„Се сеќавам дека за време на моите студии поминав многу непроспиени ноќи. Часови поминати во читалната што понекогаш чувствував како да живеам таму, а не дома“, додава Зехра Ебиби.
Иако нејзината желба за учење се преточи во успех со високи оценки, Зехра вели дека нејзината цел не биле оценките, туку знаењето.
„Максималните оценки не ми беа толку приоритет. Она што беше попримарно е стекнувањето знаење и континуираната работа по одреден предмет. За мене беше многу важно да ги завршам студиите навреме и работев напорно за да ја постигнам оваа цел. Потоа се нанижаа добрите резултати како последица на мојот труд и пожртвуваност“, порача Зехра Ебиби.
Но, тука е и Македон Димитриевски, уште еден математички гениј. Неговиот коефициент на интелигенција е 134.
Македон има освоено златни медали на светско ниво на натпревар по математика на кој учествуваа 4000 натпреварувачи. Иако е второ одделение, решава задачи наменети за средношколци.
Како Зехра, така и Македон имаат само една желба – во иднина да станат професори по математика.
