Зејд Реџепи со порака со Меџити: Излези од ДУИ, за да нема театар!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Координаторот на пратеничката група од Алијанска за Албанците и Алтернатива, Зејд Реџепи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 испрати порака до Изет Меџити од ДУИ.

Реџепи ги коментираше несогласувањата меѓу членовите на ДУИ, конкретно меѓу Меџити и Груби. Реџепи рече дека ова е фингирана кавга меѓу членовите на ДУИ и дека доколку Меџити е искрен ќе излезе од ДУИ.

„Ако Меџити не се согласува со политиките на ДУИ, нека се тргне од ДУИ“, порача вечерва Реџепи во „Click Plus“ на ТВ21.

Тој исто така напомена дека Беким Сали е најсериозен кандидат за градоначалник за Чаир.