Зејди: Омбудсман и припаѓа на опозицијата, Груби не потврдува дали на оваа функција ќе биде именуван Насер Зибери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И коалицискиот партнер на Алијансата за Албанците, Алтернатива смета дека функцијата Народен правобранител и припаѓа на албанската опозиција, а не на Насер Зибери, кој беше кандидат за премиер предложен од ДУИ.

„Да, да, секако. Тоа беше непишана традиција, но сепак сметам дека така треба да биде.“, рече Реџепи.

Од ДУИ ниту денеска не ја потврдија, ниту ја демантира информацијата дека Зибери ќе го замени Иџет Мемети по истекот на мандатот на Народниот правобранител во декември.

-Можете да ги потврдите овие гласини?
Не, не можам.

Законот предвидува ОМБУДСМАН да биде избран со бандентерово мнозинство, што предвидува мнозинство гласови на пратениците од мнозинството и мнозинство гласови на пратениците од помалите заедници.

Од друга страна и пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, кој е дел од парламентарното мнозинство, бара да се разгледа гласањето со бандентер.

Во меѓувреме, од коалицискиот партнер Движење БЕСА вчера нема коментар за прашањето за Народниот правобранител.