Зејди со прашање за „Монструм“ во Собрание, Заев со одговор: Не е наша работа, туку на правосудството

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците-Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејди, на денешната седница наменета за пратенички прашања, се осврна на случајот „Монструм“. Рече дека, ако на почеток обвинетите се товареле за „терористи исламисти“ со истото обвинение по вторпат ги обвинила и „следната марионета“.

-Не сме деца. Возрасни луѓе сме и многу добро знаеме дека кога се работи за терористички случај треба да има организатори, треба да има странка која презема одговорност, треба да се знае мотивот и која е нивната цел. Обвинението за тероризам е големо во моментов кога имате докази. Но, кога немаш докази станувате предмет на исмејување. Најлошото во ова е што не беше најдено ниту едно оружје со кое беа убиени овие деца. Замислете, во затворите или полициските станици во Македонија каде што насилството е секојдневно, не успеале насилно да ги принудат да дадат информација – каде е оружјето… Ова е за исмејување. Обвинението за тероризам е втор доказ дека се работи за политички монтиран случај и трет – Извештајот на Стејт Департментот.“, рече Реџепи.

Реџепи потсети и на изјавата на актуелниот премиер, во време кога беше во опозиција, Зоран Заев дадена за српски медиум во однос на „Монструм“, кога рече дека невини луѓе се во затвор.

Поради тоа, Реџепи праша зошто не се објавуваат најавените „бомби“ и зошто не се обелоденува вистината? Премиерот Заев со одговор на прашањето на пратеникот. Вели дека ваквите случаи не се ниту негова, ниту пак работа на Реџепи, туку на обвинителството и судството.

Но, Реџепи не беше задоволен со одговорот. Рече дека решение има – да се ангажираат набљудувачи од странство. Инаку, за утре во Скопје е закажан протест против пресудите за случајот „Монструм“.