Зекирја Таири од владејачката коалиција „ВРЕДИ“ стана нов пратеник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собранието денеска го верификуваше мандатот на Зекирја Таири од владејачката коалиција „ВРЕДИ“, со што тој и официјално стана нов пратеник.

Таири доаѓа на местото на Беким Сали, кој неодамна беше избран за прв вицепремиер и министер за европски прашања во Владата.

Со оваа промена, коалицијата „Вреди“ го пополнува пратеничкото место и продолжува со своето учество во парламентарните активности.