Зелено светло за отворање на преговорите, советот на министри „ЗА“ датум за Скопје и Тирана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пандемијата со коронавирусот го спречи Советот на министрите за надворешни работи да се собират на една сала, но сепак се најде решение за да се координираат меѓу себе.

Средбата се реализираше во модифицирана форма – онлајн. Во рамките на состанокот беше донесена и историска одлука, зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ за Скопје и Тирана.

Ова го соопшти државната секретарка на Хрватска, Андреја Метелко Згомбиц.

„Преку денешната видео конференција постигнавме политички договор за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија. Како што знаете сите, средбите се откажани, поради неможноста на министрите за патување, но по предлога на хрватското претседателство, успеавме да ги модифицираме процедурите.“, вече Згомбиц.

Ова одлука Згомбиц му ја соопшти и на еврокомесарот за проширување , Оливер Вархејли. Штом ја доби веста, тој им честиташе на двете земји и рече дека со ова ЕУ ја врати кредибилноста во Западен Балкан.

„Им честитам на двете држави за кои земјите членки се договорија да ги започнат преговорите. По разочарувањето во октомври за започнување на преговорите, овие две држави успеаја да го надминат разочарувањето и продолжија со работа. Со ова го вративме кредибилитетот не само во Западен Балкан туку и во земјите членки. Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија се пример за целиот регион.“, изјави Вархеји.

Во „Твитер“ честитаа и претседателката на ЕК, Урсула вон де Лајен и германскиот министер, Михаел Рот.

Откако ја потврдија одлуката, на прес конференција, но без присуство на новинарите излегоа и властите на земјата.

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, рече дека денешната одлука е резултат на усвојувањето на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, оцени дека ова одлука е резултат на посветеноста за спроведување на реформите.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, високо го оцени денешниот гест на Советот на министрите, бидејќи за време на пандемија нашле време да разговараат за нашата земја.

За одлуката на Советот на министри, честитаа и други лидери на партиите и функционери. Прв честиташе претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потоа лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Одлуката на Советот на министри треба да се земе како одобрување и на Советот на премиерите на ЕУ, кој ќе се одржи на 26 март.

Треба да се истакне дека освен оваа одлука, Северна Македонија во овој период стана и 30 земја членка на НАТО. Иако станува збор за историски одлуки, тие поминаа без државна церемонија поради настанатата состојба со коронавирусот.