Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави видео на социјалната мрежа Икс од две рафинерии што украинските сили ги погодиле во Русија во последните 24 часа. Во објавата, тој им се заблагодари на украинските борци за резултатите што ги постигнуваат секојдневно во спроведувањето на украинските напади со долг дострел.
„Во изминатите 24 часа беа погодени две рафинерии за нафта – едната во Башкортостан, а другата во Самарската област. Имаше напади и во Црното Море. Ја враќаме војната таму од каде што дојде. Ја приближуваме Украина до мирот. Им благодарам на вклучените единици за нивната прецизност“, напиша Зеленски.
