Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен за директна средба со рускиот претседател Владимир Путин на неутрален терен.
„Подготвен сум да се сретнам со Путин. Секако не во Москва, ниту во Киев, но има многу други места – на Блискиот Исток, Европа или САД“, рече Зеленски во интервју за италијанското радио Раи.
Зборувајќи за Донбас, украинскиот лидер ја отфрли можноста за територијални отстапки кон Русија, предупредувајќи дека тоа ќе им овозможи на руските сили да заземат стратешки позиции без поголеми загуби и потенцијално да ја прошират офанзивата кон други градови, вклучувајќи го и Харков.
