Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека синоќа Русија лансирала повеќе од 30 ракети и над 450 дронови кон витална инфраструктура во Украина.
Според него, повеќе од 20 лица се повредени, а едно дете е убиено во Запорожје.
Во објава на Фејсбук, Зеленски изјави дека последиците од рускиот напад врз енергетскиот сектор врз многу важни инфраструктурни објекти во моментов се санираат, пренесува Укринформ.