Зеленски: Русија распореди уште војници од Северна Кореја за да го бранат Курск

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва почнала да вклучува „значителен број“ севернокорејски војници во напорите да ја истисне украинската армија од регионот Курск.

Украинската армија започна упад во областа Курск во август и продолжува да контролира некои тамошни населби, како дел од напорите на Киев да го намали притисокот врз својата војска во источна Украина, каде што Русија напредува.

„Денес веќе има прелиминарни податоци дека Русите почнале да користат војници од Северна Кореја во нивните напади – значителен број“, рече Зеленски во своето редовно обраќање.

„Русите „ги користат во операциите во регионот Курск. Засега само таму“, додаде тој.

Зеленски нагласи дека учеството на севернокорејската армија во операциите во областа Курск, која граничи со Украина, е знак за нова ескалација на војната која трае речиси 34 месеци.