Зеленски: Руски напад оштети енергетски објекти во два украински региони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека руските напади оштетиле енергетски објекти во регионите Суми и Днепропетровск.

„Дрон погоди трафостаница во североисточниот регион Суми, додека артилериски оган оштети далновод во централниот регион на Днепропетровск, како резултат на што речиси 4.000 потрошувачи останаа без струја“, рече Зеленски на X.

Унгарија има намера да воведе можност за одземање на државјанството

Иако Украина и Русија постигнаа договор со САД за пауза во нападите врз енергетската инфраструктура, двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на тој договор, објави Ројтерс.

Досега Москва го одби американскиот повик за целосен прекин на огнот, наведува агенцијата, пренесува Танјуг.