Зеленски: Се надевам дека во мировните преговори ќе бидат вклучени и Европа и САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека Европа и САД ќе бидат вклучени во какви било разговори за ставање крај на војната меѓу неговата земја и Русија, изјави тој за новинарите во саботата.

На заедничката прес-конференција одржана со претседателката на соседна Молдавија, Маја Санду, Зеленски рече дека Украина треба да биде вклучена во сите други дискусии за завршување на војната бидејќи само така преговорите ќе имаат значаен ефект. 

 – Кога зборуваме за таква дискусија, се надевам дека Украина навистина ќе биде таму, а потоа и Америка, Европа и Русија – рече Зеленски, подоцна појаснувајќи дека сè уште не е воспоставена фиксна рамка за преговори.