Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика западните партнери да извршат уште поголем притисок врз Русија да ги запре нападите.
„Исто така, ни треба поголем притисок врз Русија да го запре овој терор. А тоа зависи од сите партнери – Америка, Европа, остатокот од светот“, рече тој во вечерното видео обраќање, пренесе украински Интерфакс.
Зеленски изјави дека имало повеќе жртви во руските напади во неколку украински региони во текот на денот.
