Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека тие сакаат војната да продолжи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека руските услови за прекин на огнот покажуваат дека земјата сака војната да продолжи.

Зеленски на платформата Х рече дека обидите на Русија да постави услови за 30-дневен прекин на огнот во војната во Украина само „го комплицираат и го одложуваат процесот“.

– Русија е единствената страна која сака војната да продолжи и дипломатските напори да се прекинат – рече Зеленски по телефонскиот разговор со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, пренесе Ројтерс.