Земаа зголемена пензија, но не се задоволни: „Покачувањето од 700 денари е измама“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Добија зголемени пензии, но не се задоволни. Зголемувањето од 5,3% не е ништо друго туку измама велат пензионерите. Со 700 до 1000 денари не се решава прашањето на пензионерите.

Дали вчера ја земавте пензијата?
Да!
Колку ви е покачена?
620 денари.
Дали тоа е доволно?
Како да е доволно кога еден домаќин, ја гради куќата, а тие ја превртуваат на кров, тие ни ги јадат парите секој ден.
Како успевате да врзите крај со крај во месецот?
Никако!
Според вас колку треба да изнесуваат пензиите?
Под 30 илјади не треба да биде минималната пензија, не се малку 40 години работа за една држава, да ја градиш државата, а некој да ти го преврти кровот наопаку.

„Тоа не е зголемување, тоа е само измама, дека нешто даваме. Зошто не ги покачуваат за 3 илјади денари, а не само по проценти, на пример јас добив 1 илјада денари, тој таму што има 30 илјади денари, 700 или 800 денари, колку се покачија.“

Што мислите, колку треба да биде минималната пензија?
Минимална пензија треба да биде околу 30 илјади за преживување.

„5 отсто што е 5 отсто , колку е килограм сирење?! Килограм млеко, имаме деца, пензијата не е доволна.“
Што мислите, колку треба да биде пензијата?
Треба да биде над 20 илјади денари, се живее со 20 илјади денари?! Можеш ли?! Не. Поскапеа производите, ова не е во ред. Синоќа земав 250 денари лекови, 3 пати месечно да ги земаш пари колку пари одат таму.
Дали се доволни за храна?
Каква храна, сирењето го оставивме, месото го оставивме, се додека има пиперки добро е, после што ќе правиме

Еден пензионер кој има странска пензија е зачуден со ниските пензии во Македонија

„Овде земаат малку, кога ќе кажат 100-150 евра е многу малку, тоа се работи на државата, но многу е малку, никој во аптека не им дава лекови бесплатно, сите се со пари“.

Барањето на пензионерите е веќе познато. Бараат линеарно зголемување од 3500 денари, но министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, не мисли така.

Тренчевска најави дека работната група работи на мерки со кои ќе се подобри животниот стандард на пензионерите, без да се зема предвид покачувањето на пензиите. Таа рече дека очекува оваа недела да биде доставен извештајот на работната група, кој ќе биде доставен до Влада.