Ова е Екрем Јахиу од Арачиново, земјоделец. Поплавите во 2016 година нанесоа голема штета на неговите посеви. Како што вели, штетата изнесува околу 10 илјади евра.
Иако штетата е проценета од надлежните власти и е изготвена целата документација, Јахиу вели дека исплата сѐ уште нема. Тој се обидел преку суд да побара правда, но вели дека рочиштето 10 пати се одложувало без никаква причина.
Револтиран, им се приклучи на протестите на земјоделците од Преспа.
-Во 2016 година имав штети од поплави како сите други села, Сингелиќ и другите. Штетата ја процени комисијата и Министерството за земјоделство. Чекаме скоро 3 години, не сум исплатен иако ги имам сите документи. Не ми ја исплаќаат штетата и бев принуден да одам на суд, но таму 10 судски рочишта беа откажани и не ја исполнуваат нивната обврска. Министерството за земјоделство ја презеде таа обврска со два потписа на министрите Арјанит Хоџа и Љубчо Николовски. Платежната агенција не ја исплаќа штетата иако сите документи ми се уредни, ниту дава одговор да или не, вели земјоделецот Екрем Јахиу.
ТВ21 побара одговор од министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој рече дека во вторник е усвоен извештајот за штетите во Арачиново предизвикани од поплавите во 2016 година. Уверува дека жителите на Арачиново ќе ги добијат својот надомест на штета.
Од 2016 до 2018 година има неисплатени обесштетувања за 29 општини во државата кои претрпеа штети од поплавите. За нив, Владата смени два закона, Законот за земјоделство и рурален развој и Законот за заштита и спасување, а воведена е и нова методологија за утврдување на штетите со која се очекува оштетените домаќинства да бидат обесштетени што поскоро.
